По повод празнувањето на Богојавление – Водици на 18 јануари, сабота – Водокрст, во храмот „Свети Никола Геракомија” ќе биде отслужена Утрена богослужба и Голем Богојавленски водосвет со почеток во 07:30 часот.

Во недела, 19 јануари на денот Водици богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, во стариот дел од градот, „Св.Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, „Св.вмч.Георги Горна Влашка Мала“, „Св. Никола Долна Влашка Мала“.

Со Светата Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Во 7:00 часот ќе биде отслужена Утрена богослужба,  8:15 часот Литургија, 9:45 Литијата ќе тргне кон градското пристаниште, а во 10:00 часот ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Во 12:00 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро.

Н.С.Ј.