ГРК Охрид е пред нов суперлигашки предизвик. Во сабота „Гладијаторите” го пречекуваат тимот на РК Прилеп во рамките на 14 коло. Бодовите остануваат во Охрид.

До крајот на годината не чекаат уште три натпревари. На секој од нив мораме да го покажеме нашиот квалитет и да ги искористиме за да ја подигнеме самодовербата и да изградиме тимски дух. Прилеп е добра екипа, но на нас е добро да се подготвиме за двата бода да останат во Охрид, вели десното крило на ГРК Охрид, Гал Цирар.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews