На 22 јуни, сабота, по четврти пат ќе се одржи Меѓународен Теквон-до ИТФ натпревар по сите Европски стандарди “ОХРИД ОПЕН 2024″, во организација на Македонската Традиционална Теквон-до Федерација и Теквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.

Учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи, од 31 клуб од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.

“ОХРИД ОПЕН” од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства. Ќе имаме чест во Охрид да гледаме неколку европски и светски шампиони, како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е 6 кратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во Теквон-до ИТФ, така и на Кикбокс. Натпреварот ќе започне во 09:00 часот, а натпреварувачите ќе учествуваат во две дисциплини форми и борби. Влезот е бесплатен за сите љубители на нашиот спорт, нека победат најдобрите, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф.

Посочува дека генерален спонзор е “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за издигнувањето на овој спорт во Македонија и сите постигнати успеси.

Натпреварот е под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт.

OhridNews