„Локални политики за Охрид: чиста вода, воздух и урбанизација“ е насловена конференцијата која ќе се одржи во сабота, 14-ти декември, со почеток во 12 часот во хотел Нова Ривиера во Охрид во организација на Демократската Обнова на Македонија – ДОМ, НВО „Зелена планета за сите” и Еколошкото друштво Грашница.
На конференцијата ќе се дискутираат клучни теми како што се заштитата на природните ресурси, справувањето со аерозагадувањето и предизвиците поврзани со урбанизацијата во Охрид и охридскиот регион. Преку отворен дијалог, целта е да се отвори дискусија за креирање одржливи решенија, кои ќе го зачуваат Охрид, како природно и културно наследство, информираат организаторите.
Посочуваат дека настанот претставува уникатна можност за граѓанските организации и сите заинтересирани чинители, да ги споделат своите ставови и да придонесат за креирање зелени политики, кои ќе гарантираат чиста вода, воздух и просторно планирање за Охрид.
OhridNews