Украинскиот јавен обвинител изјави дека во денешниот бран руски напади загинале најмалку 16 лица, а речиси стотина биле повредени.
Утрово непријателот истрела над 150 проектили и нападни беспилотни летала врз мирните украински градови. Потврдено е за 16 загинати и 97 ранети, меѓу кои најмалку две деца на возраст од шест и осум години, објави на социјалните мрежи главниот обвинител Андриј Костин.
Русија истрела рекорден број проектили за еден ден над Украина, изјави портпаролот на украинските ВВС.
Ова е најмасовниот ракетен напад воопшто, изјави Јуриј Игнат додавајќи дека овој биланс ги исклучува првите денови од војната започната во февруари минатата година во која беа забележани „постојани и непрекинати“ напади.
OhridNews