Црквата Воскресение Христово во селото Комарово во Русија наеднаш исчезнала, а моментално трае истрагата за крадците и за тоа каде градбата од 1809 година се наоѓа во моментов. Како целата црква можела да биде украдена, а никој да не го забележи тоа, можеби објаснува фактот дека се наоѓала на изолирано место кое луѓето ретко го посетувале.


Комарово се наоѓа околу 300 км североисточно од Москва. Бидејќи повеќе не била во функција, размислувале повторно да почнат со литургија и собирање на луѓето на тоа место, но од градбата биле останати само темелите.

Ова не е прв случај на бизарна кражба. Криминалците во црквите најчесто провалуваат поради иконите кои на црниот пазар можат да достигнат добра цена, а циглите на многумина им се наоѓаат како градежен материјал.