Граѓаните на рускиот град Саров познат по нуклеарните тестирања биле прилично изненадени кога од „небо“ крокодил им паднал на плочникот.

Околу еден метар долгиот кајмански крокодил паднал од дванаесеттиот кат на зградата од станот на својот сопственик со кој живеел заедно последните петнаесет години. Крокодилот паднал на плочникот откако премногу се наведнал над прозорот.


„летечки“ крокодил во Русија

Престрашените минувачи ја викнале Службата за итни интервенции кои го фатиле крокодилот и го сместиле во азил за напуштени животни. „Летечкиот крокодил“ набргу му бил вратен на сопственикот.

При падот од дванаесетиот кат на крокодилот му бил поткршен само еден заб.