– Одговорни сме пред Бога и пред Св. Климент и Св. Наум да го заштитиме ова природно и клултурно-историско наследство, но најголема одговорност имаат државата и локалните самоуправи на Охрид, Струга и Дебрца, вели инж. Лазо Наумоски од еколошкото друштво „Грашница“.
Според него во руралните средини на теченијата на реките кои се вливаат во Охридското Езеро треба да се изградат мини пречистителни станици, со што ќе се направи конкретен чекор во заштитата на флората и фауната, која сега е сериозно загрозена. Наумоски посочува дека треба да се зголеми и капацитетот на колекторот за да ги прифаќа сите отадни води.
-Доколку не се преземат конкретни мерки можно е одредени видови флора и фауна во сливот на Охридскоот Езеро засекогаш да исчезнат, предупредува Наумоски.
Тој посочува дека општините во Југозападниот плански регион треба да изградат современа депонија, но таа според него не смее да биде лоцирана во сливот на Охридското Езеро.