Најновата книга на м-р Сашо Герасимоски „Охридската средновековна уметност-социолошка студија“ синоќа беше промовирана во куќата на Робевци во Охрид.
Книгата Охридската средновековна уметност го обработува прашањето на односот на општеството и охридската средновековна уметност, односно, го опфака проучувањето на влијанието на опстествените фактори врз охридската средновековна уметност. Во книгата е обработена и необично големата поврзаност на општествениот статус и улогата на охридскиот средновековен уметник и неговата уметничка дејност.
Книгата Охридската средновековна уметност-социолошка студија претставува прва синтетичка социолошка студија за охридската средновековна уметност и е плод на повеќегодишна интензивна научно-истражувачка работа на авторот. Основната порака на книгата се состои во подигнување на научниот сензибилитет кај нашата научна јавност за правилно и соодветно вреднување на улогата на општествените фактори врз создавањето на уметничките дела на охридската средновековна уметност, беше речено на промоцијата на која говореа д-р Пере Аслимоски-проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола“ и проф. д-р Димитар Пандев.
Рецензенти на книгата се проф. д-р Антоанела Петковска и проф. д-р Иван Џепаровски, а лектор е г-ѓа Лилјана Пандева. Книгата е во издание на охридскиот Завод и Музеј.
ohridnews