Пред присутните, за уметникот и неговите ликовни дела зборуваше познатиот охридски сликар Славко Упевче. Преку изложбата, која е дел од програмата за оддбележување на празникот Св.Климент Охридски., љубителите на ликовната уметност имаат прилика да се запознаат со традиционалниот турски пристап кон уметноста, која испреплетена со ориенталните уметнички нитки и личности од турската историја создава возбудливи ликовни дела.
Сума Селман Кочал е сопруга на градоначалникот на општина Јалова, кој заедно со неколкучлена делегација се наоѓа во посета на Охрид. Градоначалниците на двете општини, Петрески и Кочал, денес ќе ја потпишат Повелба за збратимување со што се официјализира соработката помеѓу двете општини.
Во Робевци отворена изложбата на турскиот уметник Сума Селман Кочал