На 1- ви август, во Куќата на Робевци со почеток во 20.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на охриѓанката Емел Махмуд.

Емел Махмуд основното образование го стекнала во ОУ „Братство и единство“. Со средно образование продолжува во гиманизјата „Св. Климент Охридски“,по што се запишува на факултетот за ликовни уметности на универзитетот „ Св. Кирил и Методи“ во Скопје. Работи како наставник по ликовна уметност во ОУ „ Братство и единство“.

Во слободно време твори црпејќи инспирација од опкружувањето, од природата.  Во нејзините дела се наоѓаат и мотиви поврзани со дервишите, инспирација која ја добила при едно свое патување во Турција.

Има учествувано на голем број колективни изложби во Македонија и Турција.

OhridNews