Со извик „јас сум антихрист“, Марко Луци (25) нападнал со нож свештеник од црквата Санта Марчела и тешко го ранил, а повредил уште тројца други . Наводно момчето добило инспирација за нападот откако го гледал филмот „Кодот на Да Винчи“ по истоимениот роман на Ден Браун, кој во вторникот вечерта го прикажала италијанската телевизија.
Полицијата го уапсила Марко и му пронашла ливчиња во џебот на кои пишувало „тоа е само почеток 666“, број кој се поистоветува со ѓаволот. На ливчињата имало напишани и некои телефонски броеви, меѓу кои и бројот на редакцијата од ватиканскиот весник.
Луци е студент на медицина, а во неговата соба во станот од мајка му најдени се некои исечоци од филмот „Кодот на Да Винчи“ и некои текстови под наслов „Јас антихрист“ или „Апокалипса“ итн.
Момчето го ранило свештеникот во грлото, па ги нападнал луѓето кои во црквата се обиделе да му помогнат. Свештеникот е опериран, а операцијата траела шест часа.