Една риба, која го загризала мамецот, имала изненадување за Американец од Тексас. Рибарот, кој сакал да остане анонимен, нашол во рибата прстен со син камен и изгравирано име, по 21 година откако Џо Ричардсон го изгубил на езерото Сем Рејбурн.


Рибарот го пронашол Ричадсон (41) на интернет и го исконтактирал. Ричардсон го загубил својот прстен кој му го купила неговата мајката кога дипломирал на Техничкиот институт во Хјустон, и навистина им било многу жал.
– Сеуште не го исчистив и и реков на сопругата да не го чисти – изјавил тој.