Ресторанот „Бока такос и текила“ соопштил дека прима нарачки за африкански такос од лав, кој ќе биде во понуда од 16 февруари, и дека неколку љубопитни муштерии веќе резервирале од новиот специјалитет. сопственикот на ресторанот Брајан Мазон изјавил дека егзотичниот такос се наоѓа на неговото мени секоја среда веќе шест месеци.
Повеќето егзотични такоси во тој ресторан чинат од три до четири долари, додека за такос од лавјо месо гостите ќе мораат да платат 8,75 долари. Според правилата на администрацијата за храна и лекови, лавот или било кое друго животно кое се лови за храна, може да биде продавано се додека таа врста не стане загрозена.