Полицијата на Линколншир на истокот на Велика Британија запленила илјадници банкноти кои една граѓанка ги пронашла ка пливаат во реката. Се претпоставува дека станува збор за околу 60 илјади фунти, а полицијата одлучила да ги заплени парите поради сомнение дека се последица од некоја криминална зделка.

Сличајната минувачка парите ги пронашла како пливаат во пластична вреќа. Повеќето од банкнотите биле во добра состојба, но некои сепак биле оштетени. На полицијата сеуште никој не и се јавил во врска со исчезнувањето на оваа значителна сума пари.