Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, криминалистичката полиција од Струга до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 67-годишен стружанец.

Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот во дворот на  семејната куќа започнал расправија со неговата осум годишна внука, по што изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди.

OhridNews