Во рамки на Втората фудбалска лига – Запад, екипата на ГФК Охрид Лихнидос забележа значајна победа  во мечот со ФК Кадино со 3-1 (3-1).

Головите беа постигнати уште во првото полувреме. Во шестата минута од натпреварот прецизно стрелаше Ајрадин  Цуцили, само 7 минути подоцна во 13-та минута од натпреварот Аљбин Рамадани, а третиот гол за Охрид беше дело на Мурат Адили  во 32-та минута од натпреварот.

Со оваа поведа Охрид се искачи на 8то место на табелата со 10 бода.

Во следното коло, на 27 ноември, ГФК Охрид Лихнидос гостува кај првопласираниот Силекс.

OhridNews