Вчера во Пустец беше одржана промоција на книгата „Сто години копнеж“ од охридскиот писател Мишо Јузмески.
За творештвото на авторот зборуваше Тоде Илиевски, а м-р Лидија Размоска се осврна на неговото дело.
За организацијата на настанот и овој пат се погрижи Македонскиот културен центар „Сонце“ од Корча, под раководството на Васил Стерјовски, а во соработка со директорот на училиштето Мишко Апостоловски.
Инаку, Пустец е единствената македонска општина надвор од границите на Република Македонија. Општината опфаќа девет села, а сите жители се етнички Македонци. Значителен дел од наставата во училиштата се одвива на македонски јазик.
OhridNews