– За време на посетата беше реализирана прошетка со разглед на убавините на Мала Преспа и на македонските крајезерски села каде беше остварена средба и со коџобашијата (кметот) на селото Пустец, Никола Ѓоргиески, како и со баба Викторија (Витара) Василоска чии емотивни и богато јазични искажувања ќе бидат прилог кон истражувањето на јазикот и фолклорот на Македонците во Албанија, истакна професорот Донески.
Според него мала или малку поголема инвестиција Мала Преспа може да ја направи голема атракција и туристичка дестинација за посетители и љубопитници од целиот свет кои на својата туристичка мапа ќе ги додадат: Шулин, Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Церје, Леска, Зрновско и Пустец.
Истражувачкиот тим во Пустец остварил средба со заменикот градоначалник на општината, Васил Стерјоски на кого гостите му
подариле ДВД – запис, документарец од прославата на јубилејот на
црквата Свети Илија во Елшани. За возврат тие добиле монографско
издание за Мала Преспа.