Во првото полугодие од годинава во Охрид се случиле 52 сообраќајни несреќи во кои две лица загинале, а 72 се повредени
Најголем број незгоди со настрадани лица се случиле на подрачјето на Скопје –912 незгоди, во кои 24 лица загинале и 1.345 се телесно повредени.
Од вкупниот број незгоди со настрадани лица, во населените места се случиле 1.397 незгоди, додека надвор од населени места се случиле 498 незгоди. Најбројни се меѓусебните судири на возила во движење-1.080 незгоди, потоа удар на возило во пешаци- 411 незгоди, излетување на возила од пат- 238 незгоди, удар со возило во објекти покрај патот- 71 незгоди итн.
Најкритични денови се вторниците- 297 незгоди, и петоците-291 сообраќајна несреќа. Најголемиот дел од незгодите се случиле во попладневните и вечерните часови.