Како што информираше МВР во овој период во Македонија бројот на загинати и повредени во сообраќајните незгоди е помал за 6,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, односно на патиштата се случиле 2.935 несреќи во 2008-ма наспроти 3.153 во деветте месеци во 2007 година.
Во првите девет месеци на патиштата низ Македонија загинале 96 лица. МВР соопштува дека во овој период во населените места се случиле 2.162 незгоди во кои загинале 45 лица, а 3.059 се повредени. На отворените патишта се случиле 773 незгоди, во кои 51 лице загинало и 1.457 се повредени. Според видот, најбројни од незгодите се меѓусебните судири на возила во движење (1.689), потоа удар со возило во пешаци (655), излетување на возила од пат (313), удар со возило во објекти покрај патот (125)…