Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2009 година изнесува 105 051, а бројот на ноќевањата изнесува 624 613.
Бројот на домашните туристи во јули 2009 година, во однос на јули 2008 година, е намален за 8.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2009 година, во однос на јули 2008 година, е намален за 10.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1%.
Во периодот јануари- јули 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.2%, а кај странските има зголемување за 9.7%.
Во периодот јануари- јули 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 5.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8.9%, а кај странските има зголемување за 4.7%.
Бројот на странските туристи во јули 2009 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 3.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.9%.