Дебарски бањи
Првата група која ќе оди на бањско лекување брои околу 500 пензионери од цела Македонија, а до крајот на проектот за бесплатна бања, треба да се достигне бројката од 10.000 пензионери кои ќе бидат распоредени во Негорски бањи, Дебарски бањи, Катлановска Бања и Цар Самоил во Банско. Според програмата за бањското лекување , за време на престојот во бањите, пензионерите ќе имаат три платени оброци и обезбедена редовна медицинска нега. Исто така се предвидува и лекарски надзор на пензионерите, од моментот кога ќе бидат примени во бањата, како и во текот на седумдневниот престој.
Ниту во Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ниту во Министерството за труд и социјална политика не можеа да ни обезбедат информација за вкупниот број на охридски пензионери кои годинава ќе одат на бесплатна бања. За оваа вест ги искористивме податоците од списокот на пензионери кои се опфатени во првата група за бањско лекување, кој е објавен на веб порталот на Министертвото за труд и социјална политика.