Повеќе од 800.000 влезници се купени во текот на првата фаза од продажбата на билети за Светското фудбалско првенство во Катар, објави денеска ФИФА.
Вкупно во почетната фаза се продадени 804.186 влезници, најголем број од тоа од навивачи во Катар, САД, Англија, Мексико и ОАЕ.
Следната фаза од продажбата на билети ќе почне на 5 април во 11 часот, откако ќе биде познат составот на групите.
Жрепката за групната фаза на Мундијалот во Катар е закажана за в петок од 18 часот, во Доха.
OhridNews