На подрачјето на општина Дебрца ова е прво барање за добивање еколошка дозвола што ќе биде издадена на стопански субјект. Со добивањето на овој документ правното лице презема обврска за исполнување на еколошките стандарди и нивно стриктно почитување за заштита на животната средина од испуштање – емитување штетни материи во почвата и воздухот.
Општина Охрид до сега има издадено три еколошки Б дозволи.