Телевизиските уредници се извиниле на јавноста откако случајно емитирале снимки од програмата на Плејбој на два канали за деца во САД. Портпаролот на Тајм Варнер Кејбл рекол дека имале технички потешкотии, па порнографските содржини се емитирале на детските програми во Северна Каролина цели два часа.
Грешката ја воочиле дури откако добиле многу повици од лутите родители. Им бил потребен цел час да го отстранат проблемот, а грешката се случила токму во ударниот термин. На јавноста и порачале дека искрено жалат.