Претстојниот продолжен празничен викенд, во кој на сила ќе биде и полициски час, вечерва од 21, а во наредните три дена од 16 до 05 часот, не очекува топло, но променливо време.
Во петок претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, особено во западните делови. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Сабота, 6 јуни, не очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минимална температура ќе се движи од 9°C до 17°C, а максималната температура од 22°С до 28°C.
Во недела ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минимална температура ќе се движи од 8°C до 16°C, а максималната од 24°C до 31°C, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во благ пораст е и температурата на Охридското Езеро, која според утринските мерења изнесува 15,5°C. Хидролошката состојба на езерото и натаму е одлична. Во моментов тоа е на еден сантиметар од просекот за нјуни кој изнесува 693,67 метри надморска висина.
Г.М.