Зелена, еколошка „Coca Cola Life“ е најновиот производ на познатата компанија за освежителни пијалоци. Лансирана во Аргентина, новата Кока Кола за прв пат по 1920 година има етикета која не е црвена, туку е со зелена боја. „Coca Cola Life“ е прв газиран пијалок на брендот Кока Кола кој содржи природен шекер и нискокалоричен засладувач од природно потекло.

Претставниците на компанијата навеле дека направиле пијалок со извонренден вкус и со ниска содржина на калории. Додале дека новата Кока Кола има само 108 калории, за разлика од стандардната која поседува 250 калории. Новата, зелена Кока Кола се продава во шишиња од 20 процентен растителен материјал кој во потполност се рециклира.