Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер Мктицкетс ги пушти во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Белгија од квалификациите за Светското првенство 2014 година.
Во 24 продажни места низ државата во продажба има 6616 влезници за централните делови од северната и јужната трибина по цена од 600 денари. Вкупно 6730 билети за дел од северната и јужната трибина по цена од 400 денари. Најголемиот дел од влезниците ќе се продаваат по цена од 200 денари, вкупно 15.672 влезници, соопшти ФФМ.