Влезниците за новата стендап револуција на Никола Тодороски, закажана за петок, 27-ми јануари, од денеска можат да се купат на билетарницата при центарот за култура „Григор Прличев“ по симболична цела од само 150 денари.

Во петок Никола ќе ја продолжи стендап револуцијата со нов, свеж 90-минутен комичен материјал.

Ова е трет дел од проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец од декември 2014 до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега, а со тоа да придонесе за подигање на нивото на хуморот во рамките на целата држава.