Влезниците за музичко забавниот настан на годината „Зимска бајка 2016“ од денеска можат да се најдат во „Топ Тобако“ градски плоштад, чаршија и кај чинарот, трафика „Фибос“ и мјузик шоп „Зи Зи Топ“ по цена од 250 денари во предпродажба. На денот на настанот влезниците ќе чинат 300 денари.
И годинава најдоброто од Охрид за празниците доаѓа спакувано во „Зимска бајка“ со безвременските музички хитови и најдобриот хумор. Најочекуваниот настан во градот овој декември, ќе се случи на 24-ти декември, сабота од 20 часот, во разубавен претпразничен амбиент во Центарот за култура „Григор Прличев“.
„Зимска бајка 2016“ ќе не однесе на магично патување низ спомените со прекрасни евергрини во изведба на Емилија Маринова – вокал и пијано, Драган Василески (Камелеон) – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Роберт Милески – гитара. Специјален гостин на шоуто е полуфиналистот од неодамна одржаниот светски натпревар во стендап Никола Тодороски, кој ќе настапи со нов материјал, ексклузиво подготвен за оваа прилика.
Деведесет минутното уживање ќе биде надополнето со бајковит амбиент, визуелни ефекти и беспрекорен звук на „Labino Sound“.
И оваа година ложата на Центарот за култура е ВИП каде уживањето ќе биде збогатено со добро вино од винаријата „Тиквеш“. Повеќе информации околу резервациите во ВИП делот на: 075 453 293.
Местата се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“!
OhridNews