Започнува продажбата на карти за дерби натпреварот од 8 коло од ракометната Супер лига помеѓу Охрид и Бутел, што на програмата е претстојниот викенд.
Карти по цена од 50 денари може да се купат на билетарата при спортската сала, во четврток и петок од 18 до 20 часот, а во сабота и недела преку целиот ден. – информираат од клубот.
Натпреварот Охрид – Бутел ќе се одигра во недела, 30 октомври, во 18:30 часот во салата „Билјанини извори“.
Ова е втора средба сезонава на овие ривали. Во првото коло, во Скопје, Бутел славеше минимална победа над Охрид 24:23 (11:10).
Г.М.