Хит претставата “Детектор за лаги” во изведба на актерите од охридскиот Народен театар во четврток повторно пред охриѓани.

Претставата „Детектор на лаги“ е работена по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Ова театарско дело е приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија….

Претставата започнува во 20 часот.

OhridNews