Влезниците за претставата „Детектор за лаги“ на Народниот театар – Охрид, ќе бидат пуштени во продажба денеска, информираат од центарот за култура.
Претставата на репертоар е во среда, 3-ти јуни.
Ова театарско дело е работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
OhridNews