Жена од Шпанија дознала дека има идентична сестра близначка дури кога во една продавница ја замениле со нејзината изгубена сестра. Двете сестри дознале дека се двете родени 1973 година во иста болница, а ДНК тестот покажал дека се работи за близначки.
– Во болницата во тоа време работеле само две медицински сестри и 1 доктор на 60 бебиња па не е невозможно тоа да се случило – раскажува Денси Калеро, која во 1973 година работела на породилното одделение во болницата. Жената сега го тужи здравството поради претрпена емоционална болка.