Во нејзиниот личен багаж, полициските службеници од Полициската станица за гранична контрола ,,Аеродром,, на ден 09.08.2009 година, пронашле едно огнено оружје пиштол марка ,,Чешка зброевка,, калибар 7,65 мм. и вкупно 60 куршуми од истиот калибар кои, пријавената нелегално ги поседувала. Истиот ден, во 04 часот и 15 минути, таа требало да патува со авион на летот Охрид-Цирих. При контрола на багажот, во торбица од видео камера пронајден е расклопен пиштол и 60 куршуми од кои еден дел биле растурени низ патната торба. Оружјето и муницијата било вешто сокриено и неможело да биде забележано на рендгенската контрола при излез од РМ.
На лице место,направен е криминалистичко-технички увид при што одземени се оружјето и муницијата и предадени на вештачење во МВР на РМ. Од извршените дополнителни мерки, констатирано е дека пронајденото огнено оружје не постои во евиденциите на Министерството за внатрешни работи на РМ.
Од СВР Охрид информираат дека истрагата е проширена и дека притворената е осомничена и за загрозување на безбедноста.