Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51- годишен охриѓанец, на кого му е мерка притвор во траење од осум дена.

На осми овој месец околу 10 часот во семејниот дом во Охрид, пријавениот започнал вербална расправија со неговата ќерка на која најнапред и упатил низа навредливи зборови. Потоа започнал да крши предмети од покуќнината и да ги фрла кон неговата ќерка, а во еден момент употребил и бекатон плочка со која се обидел да ја повреди. Откако не успеал, ја скршил масата и со дрвената ногалка ја нападнал својата ќерка силно удирајќи ја во пределот на левата потколеница и левата рака нанесувајќи и тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ќерката била згрижена во болницата „Св.Еразмо“, а пријавениот кај кого не е констатирана алкохолизираност, бил приведен во СВР Охрид и лишен од слобода.  

OhridNews