Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер, во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“, во присуство на голем број вљубеници во уметноста, беше отворена ликовната изложба „Мандала“ на Соња Чингарова Фотева.

Соња Чингарова Фотева е македонски автор, дипломирала Историја на уметност и Археологија на Филозофски факултет, Скопје. Од 1991 година, сликарството станува нејзина определба. Автор е на повеќе самостојни изложби од 1993 година па сè до денес во Македонија и надвор од неа.

Фокус на нејзиниот интерес и проучување се различните културни наследства и филозофии кои ги преточува во своите сликарски дела.

OhridNews