Фудбалерите на Силекс стигнаа до втората победа на пријателските натпревари во рамките на подготовките во Охрид.
Кратовци, по триумфот над Дрита, во прволигашката пресметка со Напредок го совладаа Напредок со 2-0. Творци на победата беа Андонов и Дивјак.
Наредната контрола е во четврток против Шкендија. Избегнувањето на баражот е целта на Кратовци во вториот дел од шампионатот.
– Cо ангажирањето на уште еден напаѓач, ќе го избегниме баражот. Слабата ефикасност не чинеше скапо во првиот дел– изјави за ohridnews Марјан Cекулоски, тренерот на Силекс.
За кичевчани ова беше првата контрола во Охрид, каде ќе останат во наредните десетина дена.
– Задоволен сум од прикажаното, во овај период резултатите се во втор план– вели охриѓанецот на клупата на Напредок , Драган Бочески.
Напредок наредната тест средба ќе ја има во четврток против вторлигашот Дрита .