Во пријателски натпревар што денеска се одигра на помошниот терен на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, прволигашот Силекс ја совлада екипата на Дрита со 2:1, полувреме 1:1.
гол повеќе во мрежата на Дрита
Средбата помеѓу Сиекс и Дрита е прв пријателски натпревар што оваа зима се игра во Охрид. Годинава за разлика од претходните години на подготовки во Охрид пред стартот на пролетниот дел од првенствата допатуваа помалку екипи.
Покрај споменатите во Охрид се подготвува и Напредок од Кичево, а од 20 февруари во х. Славија Спектар треба да отседнат фудбалерите на прволигашот „Милано“.