Две лица се ранети во претрелка која се случи синоќа во Белград, на Врачар, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет, јави дописникот на МИА од Белград.

По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата Максим Горки, и второ повредено лице на блиската улица Новопазарска, кои биле пренесени во Ургентниот центар.

И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.

Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот Мондо.

Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.

Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет. Полицијата по тричасовна потера успеа да го приведе напаѓачот.

OhridNews

фото. МИА