Во пресрет на 25 јануари, роденденот на трагично починатата ѕвезда Тоше Проески, неговата девојка Андријана Будимир реши да тагува јавно, на насловни страници, па за хрватскиот неделник „ Extra“ реши да се присети на заедничките мигови поминати со Тоше.

Се што досега не кажала, изнесува во најновото интервју, па и покрај „нејзината желба да ја зачува интимата“, раскажува за „каменчето и цветчето кои ги урамиле во стакло“, „кадифеното прасе“ и други играчки и перничиња од нивниот заеднички живот. Во интервјуто повторува дека не ги зела неговите песни за англискиот албум, ни неговиот автомобил, ни кучето, а за бројните натписи кои во прашање ја доведуваат нејзината романса со Тоше, вели „Битно е она што јас го знам“.

Омилена мета на Адријана и понатаму е менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ за која Будимир тврди дека„никогаш не ја сфаќала нејзината посесивност“.

Инсистирајќи на тврдењето дека таа и Тоше биле создадени еден за друг, Адријана во интервјуто се навраќа и на поврзаноста со неговото семејство. И по тоа прашање (секако со цел да се зачува интимата) оди до најситни детали : „Повеќе мене ми ги исполнуваа желбите за ручек отколку нему. Мајка му и јас си ги фарбавме косите една на друга. Имавме прекрасен однос.“

ohridnews