Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам екипите на ЈП „Градски Гробишта“, во изминатите денови интензивно работеа на уредување и хортикултурно дооплеменување на просторот низ муслиманските гробишта. Исто така се работело на чистење и метење на патеките, засадување на садници и цвеќе и косење на тревата.
Деновиве на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески бил уреден и дворниот просторот кај џамијата „Емин Махмут“ во населба Воска. Просторот бил партерно уреден, а на површина од 35 квадрати биле поставени бехатон плочки. Градежните активности кои трае два дена ги реализираше ЈП „Нискоградба“.
OhridNews