Лајонс клубот Лихнидос, во рамките на проектот “Охрид – Град на Светлината” и во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам, презеде активности за осветлување на централното градско теќе, лоцирано непосредно покрај Стариот чинар.

Сите туристички разгледи со групите почнуваат или завршуваат кај Чинарот. И токму тука нашиот Охрид нуди единствена можност, во еден кадар со камера да се сликаат и црква (Св. Богородица Каменско) и џамија (Зејнел Абедин Паша). Овие два сакрални објекти се најдобрите симболи на верската толеранција и соживот во Охрид и во Македонија воопшто. Сега фотографирањето може да се изведува и навечер. – изјави Проф. Тунтев, член на клубот.

Инаку, градското теке е од редот Хелвети, а изградено е од страна на Зејнел Абедин Паша во 1590 година.

OhridNews