Таа 1970 годинана 5-ти септември во Монца часовниците застанаа во 15 и 25 минути. Единствено нешто кое чукаше во ист ритам беше стоперицата на Nina Rint која немаже можност да ја стопира на крајот на извoзен кург. Jochen Rint не го заврши кругот, не ја помина целната линија и не го подигна пехарот за светски првак. Стана единствениот постхумен светски првак во Формула 1. Пехарот го подигна неговата сопруга Nina, неговиот најверен и најискрен советник.
Jochen Rint беше возач без пардон кој возеше без визир на својата кацигаи сигурносни пијаси на препоните. Доказ за тоа е податокот дека од 60 старта не заврши 35 трки.
Возачот за кого велат дека својата младост ја има помина претежно во гипс, како последица на неговата тркачка храброст, животот го згасна во златниот болид на Lotus12. Кариерата ја започна во F2 со болид кој сам го купи за 4000 фунти. F1 кариерата ја започна во 1964 година во “Rob Walker Racing team“, продолжи во “Cooper Car Company“ па во “Brabham“ и 1969 во “Lotus“.
На последната трка за него се очекуваше да стане ( и стана) светски првак и да го објави своето поблекување од овој спорт. На неговата одлука влијаеше смртта на неговитe најблиски пријатели во рок од 19 дена, Brus Meklaren и Pier Kurage.
Ferrari 312 B на таа трка стигна со моторот F12 кој на трка имаше 16 km/h повисока конечна брзина од Lotus 12. Заради тоа шефот на Lotus 12, Colin Champman, одлучи да настапи со “оголен“ болид без крилца и флапсови. John Mils тимскиот колегана Rint тврдеше дека таквиот болид нема шанса да се контролира на правците, што покасно и се потврди.
На кобната трка Rint стартуваше со вграден повисок степен на пренос за да ја зголеми брзината на тогаш фамозните 330 km/h. Но ваквиот болид имаше една фатална мана: целиот систем за кочење беше сместен во куќиштето на болидот што до крајни граници го оневозможуваше ладењето на истиот.
Таквиот болид, управуван од Rint, во 5-тиот круг од позади го посматраше Deni Humel, кога виде дека во легендарниот свиок Параболика, почна да бега во цик-цак линија па остро заврте лево и се заби во бариерата.
Болидот беше без предница, ноѕете на идниот шампион висеа надвор од болидот, а Rint остана без знаци за живот со навиката никогаш да не става препонски сигурносни појаси. На таа навика го насочи стравот од пожари дека може да се заглави при напуштање на болидот. Заради тоа првакот едноставно се лизна према носот на болидот (кој го немаше) , со отворена кацига бец визир, се заби со гол врат во управувачката табла на болидот и остана мртов.
Ќе остане запаметен со изјават дадена само неколку месеци пред Монца : “Или ќе бидам свестки првак или ќе погинам обидувајќи се со Лотус“.
OhridNews