Во пресрет на одржувањето на вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи информира дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во вториот круг, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот, соопштија денеска од МВР.
Вo недела, пак, на 31.10.2021 година ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот.
OhridNews