Од 14.15 часот поради сообраќајна незгода на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково, сообраќајот е во прекин, информираат од Македонијапат.

Забрана за тешки товарни возила покрај на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 14.00 часот воведена е и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. ЈП Македонијапат со целокупната расположива  механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, велат.

Н.С.Ј.