Ученици, волонтери и граѓани на Охрид масовно се приклучија на еколошката акција за собирање електронски отпад, што по повод патрониот празник на ООУ „Св. Климент Охридски“ заеднички ја реализираа училиштето и специјализираната компанија „Нула отпад“.
Комјутери, телевизори, бела техника и друг електронски отпад беа собрани во акцијата, која освен во училиштето се одвиваше и во стариот дел на градот. Електронскиот отпад беше подигнат и со камион на ЕКО ФАП транспортиран на соодветна локација за ваков вид отпад.
Во акцијата покрај екипа на „Нула отпад, учествуваа волонтери од Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, како и ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ кои освен што донираа и собираа електронски отпад, делеа и еко флаери низ стариот град.
Целта на акцијата која медиумски е поддржана од Охридњуз, е да се подигне свеста кај луѓето за селектирање и депонирање на електричен отпад.
OhridNews