По повод одбележувањето на 1 150 годишнината од доаѓањето на браќата Кирил и Методиј во Голема Моравија, во прашката катедрала Св. Вит се одржа свечена богослужба.

Како што јавува дописникот на „МИА“ од Прага, деветти март е датум кога Архиепископот Арношт од Пардубице со царот и кралот Карл Четвртти ги прогласиле солунските браќа за покровители на чешката земја.

Јубилејот кој е значаен во светот се однесува на целата наша држава и општеството, бидејќи мисионерската мисија на Кирил и Методиј е поврзана со создавањето на првата црковна покраина, како и со првиот државен устав на нашата земја. Затоа е соодветно, Чешката епархија во главниот град на државата да почне со заедничката прослава.“ – рекол епископот Франтишек Радковски.

Оваа година, во повеќе земји се прославува делото на словенските просветители Кирил и Методиј. Тие во 863-тата година, ја создадле првата словенска азбука наречена глаголица.

OhridNews