Во позитивна насока тргнаа работите во Ракометниот клуб Охрид, кој полека се стабилизира и враќа на старите патеки. Во Општина Охрид градоначалникот Јован Стојаноски одржал состанок со ракометарите и стручниот штаб на кој се разговарало за неисплатената септемвриска плата и другите тековни проблеми кои ќе се решат во најбрз можен рок.
„Гладијаторите“ без разлика на внатрешните проблеми носат победи и резултатите не дозволувајќи да се расипе реномето и репутацијата која имаат во македонскиот ракомет.
Ракометарите и градоначалникот меѓусебно си ветија уште поголема поддршка, резултати и бодрење за доброто на ракометот и спортот во градот.
Охриѓани суперлигашкиот дуел од осмата рунда ќе го одиграат на домашен терен в недела (18ч) против Прилеп најверојатно во новата опрема која ќе биде во традиционалните сино-бели бои.
OhridNews